Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Стојаноски: Со ребалансот на Буџетот дополнителни средства за капитални проекти за раст на економијата

14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ – вели Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за една од националнтие телевизии.

Пратеникот Стојаноски напомена дека ребалансот на буџетот се прави во моменти кога одредени приоритети треба да се прекројат односно на некои ставки да се даде поголем приоритет, а тоа се ставките кои гарантираат реализација на повеќе капитални проекти.

– Над пет милијарди денари повеќе за реализација на капитални проекти од овој момент до крајот на годината. Развојните потпрограми се повисоки за над четири милијарди денари, што укажува дека проширувањето на дефицитот ќе оди исклучиво во финансирање на капитални проекти кои што ќе генерираат и покачување на економијата – кажа Стојаноски. 

Реклама

Стојаноски потсети дека последните 7 квартали растот на БДП е над 3% и дека истиот е генериран од вложувањето во капиталните проекти, странските директни инвестиции, како и помошта на домашното стопанство. 

– Ние одлучивме дополнителни средства да вложиме во реализација на капитални проекти за да можеме да го поддржиме нашиот модел на раст на бруто домашниот производ и тоа е сосема јасно –  рече Стојаноски и додаде – Во овој момент граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачи јавниот долг, напротив, видовме денеска дека е намален и она кое што ќе се финансира со тој дефицит ќе иде исклучиво во мултипликативниот ефект на економијата, а тоа е градежништвото“.

Пратеникот Стојаноски исто така, потенцираше дека месецот јуни беше историски месец од кога постои независна Република Македонија на наплатени царински давачки, споредено со месец јуни претходната година, бидејќи државата успеала да инкасира педесет милиони евра плус преку царината и тоа само по основ на царински давачки.

„Даноците се повисоки, наплатата на даноците е двоцифрена, 16,14,12 проценти кумулативно кој данок ќе го земете како посебно, што значи дека државата веќе ја супресира сивата економија, има повеќе дисциплинирани плаќачи на данок и на царина и токму тоа на нас ни дава простор да укажеме дека вака дизајниран ребаланс може да издржи посериозни кризи од тие кои што се сега присутни“, заврши Стојаноски.