Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Стојаноски: Со Ѓорѓиевски, скопјани ќе добијат градоначалник кој е достапен и кој ќе ги реши проблемите

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето на една од националните телевизии истакна дека со кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до граѓаните за нов почеток. Според него, Ѓорѓиевски е подготвен да го рестартира градот Скопје и да донесе вистински промени кои се во интерес на граѓаните на Скопје.

,,Со кандидирањето на Ѓорѓиевски сакавме да ја покажеме и да ја испратиме пораката кон граѓаните дека лекцијата од претходните избори е научена. Ѓорѓиевски е човек којшто доаѓа прво од партиската база на ВМРО-ДПМНЕ, второ човек којшто е докажан веќе во една од скопските општини со конкретни мерливи проекти“, кажа Стојаноски.

Стојаноски истакна дека Скопје конечно ќе добие градоначалник кој ќе биде достапен за граѓаните. Според него, Ѓорѓиевски ќе го рестартира Скопје од ситуацијата во која моментално се наоѓа.

Реклама

,,Ние на граѓаните ќе го понудиме тоа што и самиот Ѓорѓиевски вчера го кажа, односно човек којшто ќе го воскресне градот Скопје, ќе го рестартира од оние ситуации каде што сега се наоѓа. Сето она кое што го правеше во Кисела Вода, само ќе го направи едно ниво погоре и ќе го прави истото во градот Скопје. Тоа значи дека конечно ќе добиеме градоначалник прво, којшто ќе биде достапен, понатаму повеќе нема да зборуваме колку градот ни е исфлекан, колку е хигиената е на едно недостоинствено ниво“, рече Стојаноски и додаде:

,,Понатака, секако рестартирање на градскиот јавен превоз и културата на живеење, унапредување на едно повисоко ниво. Инфраструктурните проекти коишто треба да се започнат и оние кои што се барања на граѓаните на Скопје да ги заврши. Само со неговото кандидирање е првичната порака е испратена“.

Стојаноски истакна дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, секојдневно ги посетува скопските општини со цел програмата да се изработи заедно со граѓаните, а подоцна истата да биде презентирана.

,,Денеска беше во општината Бутел, утре во општина Гази Баба, задутре доаѓа во општина Ѓорче Петров. Ќе се сретнеме со сите граѓани, ќе имаме целодневна агенда за да неговите идеи. Тоа што ние сакаме да го претставиме пред граѓаните е прво, го доближиме до нив заедно да ја направиме програмата, а потоа со неговиот лик и со програмата да излеземе пред граѓаните“, заклучи Стојаноски.