Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени  

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година.

За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети.

Реклама

Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна.

Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени.

Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните.

Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците.

Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.