Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие – од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел – онаму кај што другиве оставиле пепел.

Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.

Реклама

„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 – лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.

Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.