Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која наведе дека се поднесуваат паушални амандмани од пратениците од опозицијата со намера само да се покаже загриженост без да се согледа реалноста која е сосема друга, односно дека веќе има реализирано проекти во Општина Брвеница.

„Општина Брвеница има веќе добиено средства од Министерството за животна средина, 500 илјади евра се во прашање, со кои што веќе 90% е реализирана канализација за селата Стенче и Волковија со се пречистителна станица. Затоа вака да се поднесе амандман, без да се до прецизира за каде е пречистителна станица за кои села бидејќи еве го фактот дека веќе има реализирано канализација со се пречистителна станица за две села од оваа општина“, изјави Стојаноска.

Таа исто, така наведе дека веќе се издвоиле средства, дека еден дел од тие средства веќе се поделени на општините. Така дa, се што е во домен на општините на градоначалниците, се што на граѓаните им е потребно дека ќе биде реализирано, со тоа што 250 милиони евра годишно ќе одат за општините.

Реклама

„Така да, луѓе кои што изминати мандати две, седум години во прашање камче не фрлиле, еден асфалт не направиле а ветуваа петстотини километри автопатишта и не знам уште што сега овде да бараат пречистителна станица за општина, онака паушално. Ви кажувам а ми кажаа и мене, дека во две села во таа општина има пречистителна станица, до прецизирајте го амандманот или контактирајте ја колешката“, вели Стојаноска.