Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

СДС бесрамно фалсификува документи. Недостоинствено за владејачка партија е да се служи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


СДС бесрамно фалсификува документи. Недостоинствено за владејачка партија е да се служи со црна кампања од ваков најнизок формат. 
СДС се служи со груби лаги, со фалсификувани документи, со коишто освен што врши недостоинствен напад врз опозицијата, туку во стилот на тоталитарните режими, го нападна јавниот сервис, ги нападна агенциите за мерење на јавното мислење, го спори расположението на граѓаните. Во истата насока ова доаѓа по низа напади врз медиумите затоа што објавувале за криминални и недозволени скандали за владејачки функционери и институции.
Оттука, најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС.

Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, за што се наведува во емисија во функција на фалсификатот на СДС, а потоа прераскажани од СДС.

Фактите се следни:
Прво, потписите коишто би требало да стојат зад имињата на фалсификуваниот документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните потписи.

Реклама

Второ, имиња и презимиња на фалсификуваниот документ се или неточни или воопшто не постојат такви лица.
 Трето, датумот на фалсификуваниот документ е 5 декември 2024 година, осум месеци во иднината. Што значи или се повикуваат на датумот 5 декември 2023 на состанокот на ИК по којшто соопштивме дека Претседателот Христијан Мицкоски ќе го предводи РИШ, или целосно се одлепени од реалноста. 
За потсетување, РИШ на ВМРО-ДПМНЕ се формираше во февруари годинава.

Ако за СДС е нормално да имаат погрешни имиња и презимиња, за ВМРО-ДПМНЕ името е светост. Ова е и доказ во јавноста за изворот на ваквиот фалсификуван документ, јавно објавен, со лажни потписи. Ова се очајни дезинформации својствени на СДС, со напади со фалсификати и напади врз агенции и медиуми да ја дезинформираат јавноста. 
Очекувањата од скапо платените советници со црни пари, на пример Асаф Исеин, СДС би требало да покаже поголема самопочит.
Во тој правец, дали ќе ги обвинат и ИРИ и НДИ за лажни анкети и резултати на коишто ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се во огромна предност пред Стево Пендаровски и СДС?
Почитувани, измина времето кога Димитар Ковачевски како премиер шеретски одговараше за доделување на државно земјиште на сопругата Елена Ковачевска, за едно евро квадрат; или за тоа дека семејната компанија заедно со неговиот кум, додека Ковачевски беше мандатар и заменик министер, фирмата Пиксел груп добивала државна помош.

За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи.