Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој

Во чест на 21 Мај, денот кога се одбележува Светскиот ден за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во чест на 21 Мај, денот кога се одбележува Светскиот ден за културна различност за дијалог и развој, кога ја одбележуваме убавината на различноста која нè обединува, нè инспирира и нè збогатува упатувам искрени честитки како потсетник за значењето на културната разновидност како суштинска вредност на секое општество. Токму таа разновидност нека биде мост кој гради разбирање, почит и заедништво помеѓу луѓето, зашто во свет исполнет со различни традиции, јазици и вредности, нашата сила лежи токму во прифаќањето и негувањето на разликите, соопшти Иван Стоилковиќ.

Затоа овој ден нека биде можност да се афирмира важноста на меѓусебното почитување, разбирање и соработка како предуслов за одржлив развој, социјална кохезија и мир. Културната разновидност не претставува само богатство, туку и сила што ги поттикнува креативноста, толеранцијата и заемното почитување, потенцираа во соопштението.

Нека овој ден нѐ потсети дека со вреднување на различноста, придонесуваме кон изградба на праведно, инклузивно и демократско општество, а со почит кон секоја култура – чекориме заедно кон поинклузивно и хармонично општество. Нека културата биде наш заеднички јазик, соопшти Кабинетот на потпретседател на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците.