Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Стоилковиќ: Денот на македонската револуционерна борба е траен симбол на волјата за напредок и визија за иднината

– Потпретседателот на Владата и министер Иван Стоилковиќ по повод 23 Октомври…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Потпретседателот на Владата и министер Иван Стоилковиќ по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани по повод Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека овој ден треба да нè потсети дека иднината ја обликуваме сите заедно – со разбирање, соработка и заедничка надеж.

– Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога беше поставен камен-темелникот на еден идеал – стремежот кон достоинство, еднаквост и сопствено место меѓу народите. 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не е само историски настан, туку траен симбол на волјата за напредок и визија за иднината, истакнува Стоилковиќ.

Овој ден, како што посочува Стоилковиќ, нè потсетува на вредностите кои остануваат актуелни и денес – истрајност, посветеност, меѓусебна почит и заедништво.

Реклама

-Тоа се темелите врз кои треба да ја градиме современата Македонија – како дом на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност. Нашето повеќе етничко и повеќе културно општество е наше најголемо богатство. Да продолжиме да го негуваме заедничкиот живот, дијалогот и заемната почит, затоа што само така можеме да создадеме стабилна и праведна заедница, достојна за генерациите што доаѓаат, истакнува Стоилковиќ во честитката.