Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Стојаноски: СДСМ штети на националните интереси, Македонија заслужува јасен пат кон Европската Унија

пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за евроинтегративниот пат на државата и оцени дека Македонија предолго се наоѓа во истата позиција и дека е неопходно државата да добие конкретна перспектива за завршување на евроинтегративниот процес без нови условувања. -Македонија 26 години колку што го има започнато овој пат, по сите отстапки што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за евроинтегративниот пат на државата и оцени дека Македонија предолго се наоѓа во истата позиција и дека е неопходно државата да добие конкретна перспектива за завршување на евроинтегративниот процес без нови условувања.

-Македонија 26 години колку што го има започнато овој пат, по сите отстапки што ги има направено заслужува да има предвидлив пат, пат којшто ќе го знаеме одговорот на прашањето кога и како ќе биде завршен, без дополнителни отстапки коишто 26 години ги правиме и 26 години ние сме на истото место – рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека ставот на Македонија останува непроменет и дека државата нема да прифати нови отстапки на патот кон Европската Унија сѐ додека не добие цврсти и писмени гаранции дека тоа ќе биде последното барање во евроинтегративниот процес. Според него, односите меѓу земјите кандидати и Европската Унија треба да се темелат на реципроцитет и почитување на европските вредности, при што оцени дека Македонија покажала висок степен на почитување на правата на малцинствата.

Реклама

-Таа посета јас би ја класифицирал и би ја поделил на два дела, за нас најважно беше да го слушнеме и неговиот став во насока на потврда дека навистина се спроведуваат во државата реформи, нешто што е факт и ја пофали Владата. Прво нема да се отстапи ниту милиметар додека не добиеме цврсти и писмени гаранции од Европскиот Совет дека ова ќе биде последната отстапка, ние сакаме да градиме една комуникација којашто ќе биде двонасочна, којашто ќе биде базирана на реципроцитет. Ако ние почитуваме и ако сме светлосни години нанапред пред некои земји членки на Европската Унија во почитување на права на малцинства, очекуваме и Бугарија да ги прифати барем една од тие 14 пресуди коишто ги има од Европскиот суд за човекови права и на тој начин да покажеме дека навистина ние како држава заслужуваме да имаме пат како што имаат другите држави. Не молиме ние за милост, ниту пак бараме нешто некоја привилегија туку бараме да бидеме ценети и почитувани по перформанси, а не по билатерални прашања- истакна Стојаноски и додаде:

„Ние во минатото и името го сменивме, ни велеа само уште ова, па нели претходно беше и знамето и територијалната поделба и имаме само нови блокади, ете, го смениме Уставот и го внесеме тоа малцинство по преамбулата, што потоа ако ни стават вето? Нема одговор, одговорот е ист како што го има сега новата влада во Бугарија за којашто можеме да кажеме дека позициите не одат во фаза на омекнување туку одат во радикализација. Не само што СДСМ штети на евроинтегративниот процес, со ваквите позиции СДСМ штети на националниот интерес бидејќи ова нема да биде последното барање“.