Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Стојаноски: Филипче и СДСМ да ја деблокираат Комисијата за финансирање, граѓаните и државата не смее да бидат заложници на нивните политички калкулации

Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче и СДСМ. Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел – да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси – изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојкоски.

Тој соопшти дека испратиле писма до претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, со кои се бара во согласност со деловничките можности да се свика седница на Комисијата за финансирање. 

Доколку навистина им се важни интересот на граѓаните и реализацијата на проектите што значат развој на државата, СДСМ, рече тој, треба без одлагање да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет.

Реклама

– Наместо блокади и политички акробации, потребна е одговорност и поддршка за процесите што обезбедуваат инвестиции, економски раст и подобар животен стандард за секого. Граѓаните очекуваат решенија, а не бегање од соочување со аргументи. Средства за повисоките примања во образованието, здравството и јавниот сектор, за капитални инвестиции, за сервисирање на обврските и задолжувањата што токму СДСМ ги натрупа. Ништо од ова не смее да чека – рече Стојаноски.

Тој истакна дека промените на собранискиот Деловник, кои, вели, заеднички ги направивме, не дозволуваат вакви неодговорни блокади, мотивирани исклучиво од дневнополитички игри.

– На СДСМ му е јасно правилото, дека ако најмалку една третина од членовите бараат заседание на Комисијата, тоа мора да се одржи. Па, така, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата до претседателот Африм Гаши и Сања Лукаревска испрати две писма, потпишани од 12 пратеници, односно значајно поголема бројка од потребната една третина од членовите. Оваа постапка не му остава простор на СДСМ за самоволие. Воедно, им порачуваме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ и Венко Филипче да го држат Собранието во заложништво, а со тоа да ги стават во прашање инвестициите и развојот. Ако продолжат со неодговорното однесување, наша должноста кон граѓаните и државата ќе биде да ги употребиме деловничките алатки за да ја деблокираме работата на Комисијата – истакна пратеникот Стојаноски.

Расправата за предлог-законот по скратена постапка за задолжување на државата од 260 милиони во собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше блокирана од страна на опозицискиот СДСМ.