Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Стевчо Јакимовски на 2 јули да се јави во Шутка одлучи кривичниот суд

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да влезе во Шутка и да издржува затворска казна. Тој речиси 5 месеци беше во домашен притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци зад решетки. Судија од Одделот за санкции при Кривичниот суд му издаде упатен акт на Јакимовски, потврдија оттаму. Кривичниот суд […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да влезе во Шутка и да издржува затворска казна. Тој речиси 5 месеци беше во домашен притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци зад решетки.

Судија од Одделот за санкции при Кривичниот суд му издаде упатен акт на Јакимовски, потврдија оттаму.

Кривичниот суд во април минатата година му досуди казна затвор од три и пол години поради незаконски постапки при градењето на административната зграда на Општината односно за за бесправно градење и злоупотреба на службената положба.

Реклама

За бесправната изградба изречена му е казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Но, Апелацискиот суд ја уважи жалбата на Јакимовски за злоупотреба на службената положба и овластување и тој повтроно ќе оди на судење во Кривичниот суд, а за бесправно градење му досуди една година затвор.

Осудениот екс градоначалник на Карпош смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.

Знам дека судиите работат под притисок и очекувам дека Врховниот суд ќе ја отфрли оваа политичка пресуда, вели Стевчо Јакимовски.

Освен што тој е правосилно осуден за бесправно градење, во март 2024-та беше ставен и на американската црна листа поради наводи за вмешаност во корупција, злоупотреба на службената положба и поткопување на владеењето на правото.

Јакимовски е лидер на ГРОМ и еден од најдолговечните градоначалници во земјава. Политичката кариера ја започна во СДСМ, каде беше и министер за економија, а подоцна ја формираше сопствената партија. На чело на Општина Карпош беше во четири мандати – од 2000 до 2011 година и повторно од 2021 година. Во 2024 година се кандидираше и за претседател на државата.