Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

Стерјовски на онлајн состанок на работната група за јазични и малцински права при ЕФА

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ денеска учествуваше на онлајн состанокот на работната група за јазични и малцински права при Европската слободна алијанса (ЕФА). 

– Ги информирав членовите на работната група за моето учество на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации, организиран од Специјалниот претставник на ОН за малцински прашања, кој се одржа во Женева од 26 до 28 ноември 2025 година, каде што јасно и одговорно ги покренав прашањата што директно ги засегаат Македонците во Албанија, информираше Стерјовски.

На состанокот, додаде, дискутирале за предизвиците со кои се соочуваат малцинствата во Европа и за можностите преку Европската слободна алијанса овие прашања да бидат гласно и аргументирано адресирани пред европските институции.

Реклама

Посочи дека Европската слободна алијанса е гласот на малцинствата во Европскиот парламент.

– Членството на МАЕИ во оваа европска политичка фамилија претставува силна потврда дека борбата за правата, достоинството и иднината на Македонците во Албанија е дел од пошироката европска агенда. Продолжуваме посветено, одговорно и со јасна визија, за една Европа на еднаквост, почит и вистинска демократија, нагласи тој.

МАЕИ, стана полноправна членка на  ЕФА со едногласна одлука донесена од делегатите на Генералното собрание одржано во Брисел, на 7 март минатата година.