Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Нови детски хитови на петгодишниот јубилеј на фестивалот „Весело Штурче“ во Штип

Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ на 24 септември ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ на 24 септември ќе го одбележи петгодишниот јубилеј од своето возобновување, со богата музичка програма во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Директорката на Фестивалот „Весело Штурче“, Ирена Крстевска Стевановска вели дека ќе се слушнат нови композиции напишани и испеани од млади таленти и ќе има посебна програма со настапи на познати гости, меѓу кои и Нела Манческа и Зоран Илиев, како и учесници од претходни изданија на ,,Весело штурче“, кои ќе се вратат на големата сцена, за да ја споделат љубовта кон детската песна.

Влезниците за јубилејното издание ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември, а публиката на 24 септември ќе ги слушне новите 22 песни, ќе ужива во настапите на гостите и во магијата што ја нуди „Весело Штурче” веќе пет години.

Реклама

На овогодишното издание ќе настапат 25 солисти, од кои четири дуети, фестивалски хор составен од 17 деца, како и бенд од четири млади музичари.

Директорката на фестивалот, Стевановска најавува вечер исполнеа со смеа, песна и радост. Поканети се сите љубители на детска музика во Домот на културата ,,Ацо Шопов“-Штип да го прослават петгодишниот јубилеј.