Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Стефковски: Програма со главен фокус на детска заштита, нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за млади брачни парови 

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина Гази Баба, од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина Гази Баба, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1 и кажа дека изминатите четири години одговорното, чесното и транспарентно работење резултираше со реализација на проекти во сите населени места, водејќи сметка за рамномерен регионален разој на општина Гази Баба. Стефковски истакна дека неговата програма опфаќа вкупно 505 проекти за наредниот период од четири години со главен фокус на детската заштита и изнесе дел од истите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај тоа што во моментов се градат градинки во Трубарево и Инџиково, предвидуваме изградба на детска градинка во Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари. Изградба на спортски сали и подобрување на спортската инфраструктура предвидуваме во Ченто, Железара, Сингелиќ, Страчинци и да се обнови онаа фискултурна сала во студентскиот дом „Стив Наумов“. Изградба на фекална канализација во населените места Раштак, Виниче, Булачани, Брњарци и Ергеле. Потоа катни гаражи во Автокоманда и во Ченто“, рече Стефковски и додаде:

„Она што ме радува, ветуваме еден проект за младите брачни парови, а тоа е нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за младите брачни парови до 29 години, изградба на амбуланта во Автокоманда, субвенции на граѓаните за енергетско ефикасни фасади во колективните згради, за набавка на клими, сончеви колектори, велосипеди. И продолжување на модернизацијата на јавното комунално претпријатие како вистински сервис на граѓаните“.

Реклама

Стефковски се осврна и на оние проекти кои значат развој и унапредување на општината во делот на мобилност и инфраструктура ги додаде и капиталните проекти содржани во неговата програма, а кои се во насока на решавање на сообраќајниот метеж во општината Гази Баба.

„Изградба на булевар Хрватска во првата фаза од Бутел до Железара и потоа во втората фаза од Железара до Автокоманда, доизградба на булеварот АСНОМ, клучка на булеварот Александар Македонски којашто ќе ја поврзе новата населба Хиподром 2 и индустриската зона Инџиково, комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102 којшто води од Ергеле до Дрма, комплетна реконструкција на регионалниот пат којшто води од Хиподром 2 до Илинден и реконструкција на регионалниот пат Јурумлери- Драчево“, заклучи Стефковски.