Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Сулејмани: Прашањето за паралелките на албански јазик во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“ е решено, образованието да се заштити од политиката

Проблемот со организацијата на наставата на албански јазик во основното училиште „Петар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот со организацијата на наставата на албански јазик во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во Општина Бутел е целосно надминат по соодветната координација меѓу институциите, информираше денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани.

​Тој појасни дека по брзата интервенција на Министерството и координацијата со Општина Бутел, постигнат е договор за запишување на учениците и обезбедување непречен образовен процес.

-Во текот на изминатите денови, како што знаете, имаше реакции и изјави во врска со организацијата на наставата на албански јазик во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во Бутел. Дел од нив беа дадени додека запишувањето и координацијата меѓу институциите сè уште беа во тек. ​Откако беа преземени потребните мерки и процесот беше завршен, сакам да ја информирам јавноста за резултатот и за актуелната состојба во училиштето. ​Веднаш што бев информиран за ситуацијата, презедовме мерки и остваривме координација со Општина Бутел. ​Како резултат на постигнатиот договор, запишани се повеќе од 30 деца од Чаир кои живеат во близина на училиштето и имаат брат или сестра кои веќе посетуваат настава во „Пенко“ – истакна Сулејмани.

Реклама

​Заменик-министерот нагласи дека ваквата одлука претставува практично решение со кое им се излегува во пресрет на семејствата за да не се соочуваат со дополнителни компликации и разделување на децата во различни училишта.

​Сулејмани ги демантираше тврдењата за намалување на бројот на паралелки на албански јазик, повикувајќи се на официјалните документи на училиштето.

– Сакам да појаснам и едно прашање кое се создаде голема нејаснотија. Според официјалните податоци од училиштето со кои располагаме, минатата година во прво одделение на албански наставен јазик функционирале четири паралелки, а не пет. И оваа година се формирани исти паралелки. ​Ова е табеларен приказ и од учебната година 2025/26, во кој во табелата стои дека се четири паралелки по албански јазик. Ова е табеларот за „Пенко“ за 26/27 по завршувањето на запишувањето, во која во табелата исто така стои дека има четири паралелки. По завршувањето на запишувањето, четири паралелки имаат просечно по 25 ученици. Значи, бројот на паралелки не е намален, а организацијата е направена во согласност со законот, водејќи сметка за квалитетот на воспитно-образовниот процес. ​Затоа, тврдењето дека оваа година е затворена една паралелка на албански наставен јазик не се совпаѓа со официјалните документи. Минатата година функционирале четири паралелки, а исто толку функционираат и оваа година – изјави заменик-министерот.

​Според официјалните податоци со кои располагаме, додаде тој, минатата учебна година во прво одделение на албански наставен јазик функционирале четири паралелки, а не пет. И оваа година, како што истакна, се формирани исти четири паралелки, со просечно по 25 ученици.

​​Заменик-министерот упати апел до сите институции и политички чинители за одговорно однесување и навремено адресирање на евентуалните предизвици исклучиво преку официјални канали.

-​На крајот, сакам да упатам апел до сите институции, секоја нејаснотија од ваков вид во иднина треба навремено да се адресира преку институционална комуникација, со цел децата и нивните семејства повеќе да не се соочуваат со вакви ситуации. Исто така, ги замолувам политичките партии да не ја злоупотребуваат ситуацијата за да добиваат ситни политички поени, бидејќи образованието треба да биде независно од политиката и политичките партии – изјави заменик-министерот.

Критиките дојдоа од ДУИ, која преку нејзиниот Општинскиот огранок Бутел остро реагираше, на последните случувања во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“, каде што, како што тврдат, голем број албански деца се соочуваат со одбивање на запишувањето во прво одделение.

-Оваа ситуација не смее да се премолчи. Според објавените податоци, во Општина Бутел има вкупно 5.276 ученици, од кои 2.971 се Албанци, односно 56,31 отсто од вкупниот број ученици. Овие бројки јасно укажуваат на потребата образованието на албански јазик да се поддржува и развива, а не да се ограничува или намалува, соопштуваат од ДУИ. Велат од една страна, имаме толку голем број албански ученици, а од друга страна се соочуваме со затворање на паралелки на албански наставен јазик – реагираа од ДУИ изминатите денови.

Сулејмани денеска нагласи дека ДУИ не треба овој случај да го користи за добивање политички поени и уште еднаш потенцира дека случајот со ова училиште е решен.

-ДУИ не треба да гледа овој случај за поентирање, политичко поентирање, за ситни политички поени, бидејќи случајот во „Пенко“ е решен. Лани имаше четири паралелки по албански јазик, исто толку има и оваа година, значи не е затворена ниту една паралелка. А за разлика од нив, од нивното владеење, ние се грижиме и за квалитетот на образованието и сме постапиле по закон, по реорганизација, дури и сме попуштиле за да не ги оштетиме децата коишто учат во близина и коишто имаат брат или сестра во исто училиште – рече Сулејмани.

​Одговарајќи на новинарски прашања околу обезбеденоста со учебници тој информираше дека Министерството веќе има дистрибуирано околу 622.000 книги за новата учебна година.

​-Оваа бројка е доволна според информациите собрани од училиштата. Обезбедени се нови текстови за прво, второ, трето, осмо одделение и за втора година гимназија, а доколку некаде се појави проблем со постари книги, ги повикувам училиштата да се обратат до МОН за да изнајдеме решение – истакна заменик-министерот.

​Во врска со забелешките дека сегашните 140 денари дневно за субвенционираниот студентски оброк не соодвестуваат со реалните трошоци за живот, Сулејмани изјави дека ќе се разгледаат можностите во таа насока, согласно расположливите буџетски средства.

-​​Што се однесува до оброкот, мислам дека ќе биде проширен оброкот за студентите и ќе ја разгледаме и можноста за тоа што прашавте, за тие 140 денари, ќе ја разгледаме таа можност и ќе видиме колку ни дозволуваат средствата за тоа – изјави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани.