Реклама

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Стартува системот за електронско регистрирање на влез и излез во ЕУ

Од денеска почна собирањето податоци на македонските државјани кои влегуваат во Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска почна собирањето податоци на македонските државјани кои влегуваат во Европската унија. Земјите-членки на Унијата на своите граници го воведоа новиот влезно-излезен систем за регистрирање на патниците кои не се жители на ЕУ. Со него, во 29 држави од Шенген-зоната ќе се регистрираат дигитално податоците од патните исправи, отпечатоците и биометриските фотографии.

Собраните податоци ќе бидат важечки во наредните три години. Моделот на проверка е наменет за зајакнување на безбедноста на границите, со цел заштита од илегална миграција и од терористички напади, информираат од Европскиот совет.

Грција најави дека во првиот месец ќе зема податоци од 10 проценти од патниците и ќе прави проценка кога да се спроведува оваа постапка, со цел да се избегнат гужвите на граница.

Реклама

Бугарија, пак, според најавите, системот за влез и излез ќе го активира од крајот на октомври. Еднаш земените податоци ќе важат до рокот на важност на пасошот на патникот, а со нов пасош, постапката ќе треба да се повтори.

Системот во некои земји од Унијата ќе се воведува последователно во наредните шест месеци и ќе стане целосно оперативен на 10 април 2026 година.

Од крајот на идната година ќе почне и примена на системот за најавување и авторизација на патувањата во ЕУ – ЕТИАС, со кој преку интернет ќе треба да се најавите и да платите 20 евра за дозвола за патување пред влез во Унијата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во функција ќе бидат ставени сите расположливи материјално-технички средства за непречено одвивање на протокот на патници.