Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Прилози

Стапката на резоцијализација на затворениците е мала, се бара кадар

Подобар и посигурен затворски систем – е целта на измените кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобар и посигурен затворски систем – е целта на измените кои се прават во Законот за извршување на санкции. Почна јавната расправа за законските измени, а надлежните очекуваат тие да бидат изгласани по локалните избори. Над 60 проценти од зтаворениците во Македонија се повратници, поразителна статистика според упатените и затоа е потребно да се работи на ресоцијализација, но и на здравјето на осудените. Проблемот е што недостасуваат стручни лица во затворите.

Бараме од Министерство за здравство да најдат вработени кои што ќе работат во затворите, за жал моменталната состојба е многу лоша. Ако ги мериме, еден здравствен работник на бројот на осуденици, тоа мислам деке е една од ретките земји сме во светот каде што има толку мал број здравствени работници во затворите“, вели Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

Пандов најавува и дека ќе се обидат да ги корегираат платите на затворските чувари. Оној што работи со доживотни затвореници во Идризово и оној што работи со затвореници со казни до три години затвор, имаат иста плата, што според него не смее да биде така.

Реклама

„Секако тоа би имало финансиски импликации, да има промена и плус мотивација… Тоа во комунизмот било ок, мислам дека сега како општество треба, не тврдам, меѓутоа таа работа сакам да ја отворам и ќе се обидам ја сменам. Луѓето кои што работат во Казнено поправни домови имаат различна плата од останатите, тука најверојатно ќе се побара форма и за Затворот Скопје, вели Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

Пандов највува дека затворениците ќе добијат и право на образование во казнено поправните установи низ земјава.

Давид Крстевски