Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Стапката на невработеност лани 11,5 проценти

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6  проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6  проценти во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Активното население брои 796 399 лица,  од кои вработени се 704 617, а невработени 91 782. 
Стапка на активност изнесува 52,5,  на вработеност 46,4, а на невработеност 11,5 отсто. 

Од вкупниот број невработените лица, мажи се 61,4  проценти, а жени 38,6 проценти.

Реклама

Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1,5 проценти споредено со 2024 година. Од нив  57,6 проценти се мажи, а 42,4 проценти жени.

ДЗС посочува дека учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени наведуваат дека се 94 847 лица што е за 11,5 проценти повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48,5 проценти, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,1 проценти во секторот Градежништво.  

Со Законот за работно ангажирање на лица, кој почна да се применува од 1 јануари годинава, Владата очекува формализација на најмалку 18 000 сезонски работници во земјоделството и непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.  Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде сивата економија е најизразена – земјоделство, шумарство, рибарство, сместување, сервисни дејности за храна и активности во домаќинствата. 

– Ако има потреба, ќе бидат проширени дејностите, особено дејноста градежништво, каде е најголемо барањето. Првин да ги видиме ефектите што би ги дал овој закон на крајот од годината. Ќе сублимираме, ќе видиме, ќе имаме состаноци со работодавачите, стопанските комори, секако и со синдикатите,  рече заменик-министерот за економија Марјан Ристески.