Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Владата се справува со пожарите, се работи и на мерки за зголемување на капацитетот и јакнење на системот

Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата ,,За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека прогласувањето на кризна состојба, значи дека Владата сериозно се справува со пожарите. Според неа, се преземаат мерки како нови вработувања, ангажирање невработени лица со финансиски надоместоци, со цел да се зголеми капацитетот на системот.

,,Денес Владата прогласи 30 дневна кризна состојба поврзана со проблемите околу пожарите. Се справуваме со она што го имаме и со кое што Македонија располага во моменталнава состојба“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска истакна дека мора да се земе во предвид состојбата која беше наследена, односно целосна запоставеност од страна на претходната власт. Таа истакна дека обидот од ништо да се направи нешто и да се крене државата на нозе е многу долг и макотрпен предизвик.

Реклама

,,Навистина макотрпно се работи во справување со сите овие проблеми коишто произлегуваат од пожарите, кои се од еден аспект едно секојдневие или природна работа во летниот период“, кажа Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна дека мерките што се преземаат вклучуваат нови вработувања и активности насочени кон спречување и навремено справување со пожарите.

,,Сето она што значеше и помош со нови вработувања, мерки кои што се преземаат со стимул за тоа невработените да учествуваат во помагање на овие проблеми поврзани со пожарите за да добиват одредени финансиски надоместоци и многу други мерки кои се превземаат едноставно само за да се спречи оваа стихија која се случува во текот на летниот период“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска додаде и дека критиките опозицијата изнесени преку иронија и сарказам само се обид да се создаде деструктивност во јавноста, а притоа нема никаква пофалба за ангажманот на пензионираните лица, кои наместо да уживаат во својата пензија, се враќаат на терен да помогнат. Не се признаваат ни вклучувањето на дополнителни ресурси, ниту пожртвуваноста што се вложува во справувањето со кризата.

,,Се потсмеваат за тоа. Во ниту еден момент не слушнавме ние дека има оглас за 400 нови пожарникари ангажирање. Навистина се преземаат одредени мерки. Кога се работи се гради нештото, има надеж да се реши“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.