Реклама
Економија

ССМ за утре најави нови блокади

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Собранието, синдикалците се селат пред Стопанската Комора на Македонија, каде ќе продолжат со притисокот за минимална плата 600 евра и заголемување на сите плати за по 6000 денари. По идентичен рецепт како пред Парламентот и таму ќе го блокираат сообраќајот. Блокадата на крстосниците ќе почне точно на пладне.

Дваесет и еден од нас, од членовите на органите и телата на синдикатите, утре во дванаесет часот ќе бидеме пред Стопанската комора и го повикувам работниците кои можат, кои ќе поминуваат, да ни се придружат макар и на пет минути, затоа што другите не бројат и тие мислат дека овие блокади, кои се таргетирани и наменски, се со по дваесет и еден човек на улица, само за да им покажеме дека не ни се потребни оние дванаесет илјади луѓе да ги блокираат, кои излегоа на дваесет и осми јануари со нас“, изјави Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ.

По коморите, од ССМ најавуваат блокада и пред Владата, а планираат и голем протест кој ќе го организирале во неработен ден. Нивниот притисок се зголемнува во пресрет на законското зголемување на минималната плата. Од март таа ќе се пресметува за околу 1700 денари повеќе.  

Реклама

Минималната плата во државава според законот изнесува 57% од просечно исплатената плата, што е подовар сооднос дури и од некои земји во Европската унија. Таа се пресметува по формула 50% од трошоците на живот и 50% од инфлацијата.