Реклама
Прилози

ССМ утре на протест за поголеми плати, КСС инсистира на социјален дијалог

ССМ со директни барања за покачување на минималната плата утре ќе излезе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ССМ со директни барања за покачување на минималната плата утре ќе излезе на првомајски протест. На Меѓународниот ден на трудот, синдикатот ги повика сите работници кои сакаат подобри услови и подобра егзистенција, да им се приклучат.

Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на протест за повисоки плати. Но, Конфедерацијата на слободни синдикати нема да се придружи, оти верува дека предизвиците може да се решат само со социјален дијалог.

Синдикалците од Работничкиот дом ќе се упатат до Собранието, Стопанската Комора и ќе завршат пред Владата.

Реклама

Давид Крстевски