Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

ССМ бара минималната плата да достигне 500 евра

Минимална плата од 30.000 денари – Сојузот на синдикати на Македонија бара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минимална плата од 30.000 денари – Сојузот на синдикати на Македонија бара најниската плата да порасне за речиси 8.000 денари, а не како што законот предвидува, за околу 1.800.

Синдикатот предлага државата да ги ослободи работодавачите од плаќање придонеси за разликата од она што го вели законот до она што се бара, за период од една година. Тие очекуваат дека до средина на март да има почетен разговор на Економско социјалниот совет.

Официјалното мислење за висината на минималецот треба да го донесе Економско – социјалниот совет. Дебатата во моментов не може да продолжи бидејќи не е утврдена репрезентативноста на синдикатот. Од Владата веќе кажаа дека многу скоро ќе ја формираат комисијата која треба да го направи тоа.

Реклама

Од опозицијата во улога на критичари, иако тие се оние кои ја потпишаа актуелната методологија според која се пресметува минималецот и тоа под силен притисок од работниците. Од СДСМ велат дека поддржуваат минималецот да достигне 500 евра.

„Сега гледаме дека цените постојано растат, животниот стандард на граѓаните континуирано опаѓа, владата не нуди никаква економска политика којашто ќе значи повисоки плати за работниците, и ликвидност на компаниите. Гледаме дека ефектите коишто ги имаа кошничките не го дадоа резултатот, нема никакви ефекти“, вели Лукаревска.

СДСМ имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот. СДСМ ја отвори спиралата на зголемени цени и го плафонираше јавниот долг. Предлогот што сега го предлагаат можеа да го спроведат, но наместо тоа се фокусираа на испумпување на милиони од буџетот. Доколку сега се реализира нивниот предлог тоа ќе значи крах на Фондот, затоа што украдоа се што можеше“, одговорија од ВМРО ДПМНЕ.

Досегашниот став на Владата е дека ќе го прифати она што ќе го договорат работниците и работодавачите. Останува отворено дали ќе биде прифатен предлогот за субвенционирање на придонесите за кој се очекува од Илинденска да се произнесат наскоро.

Ставот на работодавачите е дека платата треба да ја следи продуктивноста, и да се почитува законот за плата од 24 400 денари, но доколку државата се согласи да ги плаќа придонесите тие ќе плаќаат повисока плата.