Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средношколци од 22 скопски училишта со базар ќе ја поддржат ЗОО по повод 100-годишниот јубилеј

Средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во заедничка мисија посветена на животните и поддршката на Зоолошката градина Скопје, во рамки на дводневниот базар „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните“.

Базарот ќе се одржи денеска и утре од 12:00 до 15:00 часот, во Зоолошката градина Скопје, по повод одбележувањето на 100 години од нејзиното постоење.

На базарот средношколците ќе ги претстават своите креативни производи, ракотворби и изработки, кои посетителите ќе можат да ги купат, а средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за потребите на животните во Зоолошката градина.

Реклама

Како што информираат организаторите, целта на настанот е да се поттикнат креативноста, емпатијата и одговорноста кај младите, како и нивната грижа кон животните. Истовремено, базарот претставува можност средношколците активно да се вклучат во одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на една од најстарите институции во Скопје.

Од Зоолошката градина ги повикуваат граѓаните, семејствата и љубителите на животните да го посетат базарот, да ја поддржат креативноста на младите и да бидат дел од одбележувањето на јубилејот на Скопје ЗОО.