Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Средната возраст на населението во земјата 42,21 година, во ЕУ – 44,9

Средната возраст на населението во земјата е 42,21 година, а во ЕУ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средната возраст на населението во земјата е 42,21 година, а во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Во споредба со 2015 година, средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015). 

Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора – 40,4 години, а постаро Албанија – 44,3 и Србија – 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години.

Реклама
Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596, соопшти Државниот завод за статистик

Во ЕУ најмладо население има Ирска – 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

На ниво на ЕУ, средната возраст се зголемила за 2,1 години од 2015 година кога била 42,8 години. Зголемување се бележи во сите земји од ЕУ, освен во Германија и на Малта (-0,4 години).

Стареењето на населението е најизразено во Словачка и на Кипар, каде што средната вредност се зголемила за 4,0 години, по што следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (секоја +3,8 години) и Португалија (+3,7 години).