Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Средбата Костадиновски – Миљаниќ: Во фокусот унапредување на соработката во областа на уставното судство

Унапредување на соработката во областа на уставното судство, било во фокусот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унапредување на соработката во областа на уставното судство, било во фокусот на средбата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски со амбасадорот на Црна Гора во земјава, Зоран Миљаниќ.

-На средбата беше потврдено заемното задоволство од развојот на билатералните односи и беше истакната заедничката определба за нивно натамошно продлабочување, преку натамошно унапредување на соработката во областа на уставното судство, стои во соопштението на Уставен суд.

Како што додаваат оттаму, претседателот Костадиновски го информирал амбасадорот Миљаниќ за тековните активности и приоритети во работата на Судот, со посебен осврт на унапредувањето на уставно-судската практика, заштитата на уставноста и законитоста, и на човековите права и слободи, како и транспарентноста, како клучен фактор за подигнување на довербата на граѓаните во правната држава.

Реклама

-На средбата било нагласено значењето на независноста и самостојноста на уставните судови како суштинска гаранција за владеење на правото и стабилноста на демократскиот капацитет, додаваат од Уставниот суд.