Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Економија

Средба Стоилковиќ – Ерик Ли: Потврда за продлабочување на економската и инвестициската соработка

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во рамки на активностите за унапредување на меѓународната економска и инвестициска соработка, остварил средба со Ерик Ли, претседател на „Chengwei Capital“ и основач на еден од највлијателните кинески медиумски портали „Guancha“, на која, како што информираат, биле разменети мислења за можностите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во рамки на активностите за унапредување на меѓународната економска и инвестициска соработка, остварил средба со Ерик Ли, претседател на „Chengwei Capital“ и основач на еден од највлијателните кинески медиумски портали „Guancha“, на која, како што информираат, биле разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката во областа на инвестициите, иновациите и развојните проекти.

Средбата, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, претставува продолжение на интензивирањето на дијалогот и соработката по неодамнешната посета на потпретседателот и министер Стоилковиќ на НР Кина, со цел создавање нови можности за економско поврзување, размена на искуства и поттикнување на заеднички развојни иницијативи.

На средбата, двете страни изразиле подготвеност за понатамошна комуникација и конкретизација на соработката во претстојниот период, а посебно била нагласена улогата на Chengwei Capital, една од најстарите независни фирми за претприемнички капитал во Кина, со кумулативна инвестиција која надминува десетина милијарди американски долари, генерирајќи околу 150 милијарди американски долари по скалата на ИПО, како една од најстарите и највлијателни независни фирми со инвестиции во над 100 компании и значајно присуство во технолошки, здравствени, индустриски и дигитални сектори ширум светот.

Реклама

Ерик Ли, се вели во соопштението, дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот Беркли во Калифорнија, а магистрирал на Универзитетот Стенфорд, на факултетот за бизнис и е доктор за политички науки на Универзитетот Фудан. Управител е и претседател на советодавното тело на Кинескиот институт и претседател на Стратешкото советодавно тело на Институтот за меѓународни студии, двете при Универзитетот Фудан. Воедно, членува во одборите на Факултетот за технички науки при Универзитетот за наука и технологија во Кина, Стенфорд Бизнис школата, Азиското друштво Хонг Конг и Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS).