Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Средба Савески – Ѓорѓиевски: Јавните обвинители од една и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески оствари работна средба со претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија Лазо Ѓорѓиевски, на која, како што информираат, заеднички било заклучено дека „јавните обвинители и адвокатите се на спротивставени страни во судница, но на иста страна кога станува збор за почитувањето на човековите права и стандардите на кривичната постапка“.

Савески и Ѓорѓиевски, се вели во соопштението, од средбата упатиле и порака за целосна нетолеранција кон корупцијата и за зголемување на професионалните стандарди за интегритет.

-Јавните обвинители од една страна и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем воопшто, бидејќи со своето постапување пред судот во една контрадикторна постапка директно влијаат на угледот на судот и на довербата од граѓаните – се согласија Савески и Ѓорѓиевски, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Реклама

На средбата, Савески и Ѓорѓиевски, разговарале за повеќе прашања од заеднички интерес, при што, како што информирата, договориле континуирана соработка пред се со цел овозможување ефикасност на постапките.