Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Средба Сали-Мејдани: Разговарано за „One Stop Shop“ и зајакнување на соработката

Зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји биле главна тема на средбата меѓу министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, со албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани.

Посебен фокус на разговорот бил ставен на проектот „One Stop Shop“, што претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Албанија, соопшти Министерството за европски прашања.

Двете страни позитивно ја оцениле имплементацијата на овој проект, нагласувајќи ја неговата важност за регионалниот развој и подобрувањето на услугите за граѓаните.

Реклама

Од МЕП додаваат дека било разговарано и за други заеднички иницијативи, институционалната соработка и координацијата во рамки на европските интеграциски процеси.