Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба Пешевска – Ортиз: Во фокусот размената на парламентарни искуства и добри практики со Шпанија за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите

Претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, во неговата резиденција.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата беше разговарано за можностите за унапредување на соработката и размена на искуства во областа на рамноправноста меѓу жените и мажите и еднаквите можности.

Пешевска ги претстави активностите на Комисијата, со реализацијата на Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите. Таа информираше и за активностите во областа на парламентарниот надзор, законодавството и јавните политики.

Реклама

Посебен акцент беше ставен на надзорната расправа за насилството во 2026 година, на која беа сослушани претставници на клучните институции надлежни за спроведување на законодавството. Во тек е процесот на усвојување конкретни заклучоци и препораки за надлежните институции.

Во фокусот на разговорот, се наведува, беа прашањата поврзани со спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство, фемицидот, положбата и правата на жените земјоделки, како и унапредувањето на политичкото учество и лидерството на жените.

Беше истакнато значењето на меѓународната и регионалната соработка, како и на размената на парламентарни искуства и добри практики. Во таа насока, беа разгледани можности за соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија преку експертски конференции и јавни дебати, студиски посети и институционални размени, како и активности за спречување на насилството и економско јакнење на жените.

-Пешевска истакна дека Комисијата продолжува да работи на унапредување на еднаквите можности и на преминување од формална кон суштинска еднаквост, преку конкретни парламентарни активности, механизми за надзор и соработка со граѓанското општество и меѓународните партнери. На средбата беше изразена подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката во области од заемен интерес и за размена на искуства во насока на унапредување на еднаквите можности, стои во соопштението.