Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Бизнис

Средба Николоски-Караџов, Бугарија се согласи за изградба на заеднички тунел и вложување на 1,5 милијарди евра во коридорот 8

Проектот за железнички коридор кон Бугарија се поместува од мртва точка. Железницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот за железнички коридор кон Бугарија се поместува од мртва точка. Железницата ќе се реализира и нема да завршува во тунел, оти бугарската страна се согласила да инвестира не само за ова, туку и целосно во Коридорот 8. Оваа добра вест доаѓа од Истанбул, по средбата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски со неговиот бугарски колега Гроздан Караџов.  Средбата се случува откако подолг период од бугарската страна немаше одговор на македонските дописи. Како што соопштија од македонското министерство,  наскоро повторно ќе има средба за финален договор кој ќе биде основа за изградба на тунелот кој директно ќе ја поврзе македонската и бугарската железничка мрежа.

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. Тие  се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8, соопштија од Министерството за транспорт

Министрите се согласиле да бидат испратени експерти од двете држави на претстојниот состанок во јули за Коридор 8 во организација на Европската Комисија.  Согласноста од двајцата министри дека проектот е важен за стратешкото позиционирање на НАТО алијансата е потврда дека проектот не е политички, туку проблемот за реализација е од инженерски аспект.

Реклама

Дополнително, позитивно е тоа што Бугарија ќе инвестира 1,5 милијарди евра во развојот на коридорот 8. Со тоа, се разбива наративот дека само Македонија треба да го носи товарот, односно се потенцира дека станува збор за заеднички интерес и заедничка одговорност. 

Претходно, Бугарија инсистираше ние први да го започнеме и завршиме нашиот дел од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена,. Исто така, немаше конкретни бројки за нивната инвестиција, за која гледано од страна се имаше чувство дека пругата е „оставена на страна“ и без интерес од официјална Софија. Ревидирањето на проектот се случува откако министерот Николоски откри дека првиот проект предвидувал пругата да заврши во тунел без крај, а истиот да чини 24 милиони по километар. Инаку, во Македонија веќе е пуштена во употреба првата фаза од Куманово до Бељаковце, треба да се заврши втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка.

Инаку, Средбата се одржа во рамки на форумот “глобална транспортна поврзаност” Што се оддржува во Истанбул, каде присуствуваа високи политички претставници како Претседателот на турција, Реџеп Таип Ердоган, Министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу како и други министри од Европа и светот и многу други високи претставници од институции од областа на транспортот.