Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Средба Николоски – Даути во Лондон: Македонија и Британија ги јакнат меѓусебните односи

Економските и политичките односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство се на исклучително…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските и политичките односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство се на исклучително високо ниво, двете земји го негуваат стратешкото партнерство. Ова беше заклучено на средбата на вицепремиерот Александар Николоски со министерот за Европа и Северна Америка Стивен Даути во Лондон.

„Заеднички констатиравме дека односите се на исклучително високо ниво и дека во следниот период тие на следниот период ќе бидат на уште повисоко ниво. Заеднички разговараме за економската и политичката соработка, при што утврдивме дека двете држави се блиски партнери во рамки на НАТО Алијансата, а исто така дека Велика Британија е стратешки партнер на Македонија, а економскиот партнер број два, односно имаме извоз од 2,5 милијарди евра, што е втор најголем извоз што го остварува Македонија во било која странска држава“ вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт

Вицепремиерот Николоски на средбата посебен акцент ставил на економијата. Тој вели дека инвестициските проекти поттикнуваат раст и развој на нашата држава но и на целиот регион особено преку модернизацијата на транспортните коридори како предуслов за раст на националните економии.

Реклама

„Велика Британија е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, една од петте најмоќни земји во светот, втора најмоќна земја во НАТО Алијансата и вакво партнерство со Велика Британија може да значи многу и политички и економски за Македонија. На Македонија и се потребни вакви пријатели и ќе продолжиме да работиме со нашите западни сојузници“ вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт

Николоски вчера имаше средба и со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство. Двајцата се согласиле дека постојат добри потенцијали за продлабочување на односите. Николоски очекува извозот кон Велика Британија, како наш втор трговски партнер, да расте и од постојните две и пол да надмине извоз во вредност од три милијарди евра.

Давид Крстевски