Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси. Заблагодарувајќи се за лично доставената покана за учество на Конференцијата на Обединетите нации за водите, којашто од 8 до 10 декември ќе се одржи во Абу Даби, претседателката ја истакна важноста на одржливото управување со водните ресурси и обезбедувањето пристап до чиста и безбедна вода.

Амбасадорот, информираат од Кабинетот на Претседателот, ја запозна со актуелната состојба во ОАЕ, напорите за мир и стабилизација во регионот, превземените иницијативи и активности, планови и очекувања.  

Претседателката, најпрво изрази длабоко сочувство по повод смртта на шеик Ахмед бин Рашид Ал Мактум, истакнат член на владејачкото семејство на Дубаи.

Реклама

Во контекст на настаните на Средниот Исток, таа ја поздрави конструктивната и одговорна улога на ОАЕ во обезбедувањето одржлив мир и стабилност.

Соговорниците ги оценија билатералните односи како одлични и засновани врз взаемно почитување и разбирање. 

Сепак, обајцата препознаваат потенцијал за нови активности во туризмот, енергетиката, образованието, културата, земјоделството и инфраструктурата.

Во оваа смисла, претседателката укажа на можностите за инвестирање во коридорите 8 и 10, како и во слободните економски зони.

Таа го поздрави воспоставувањето на безвизниот режим и изрази желба за повторно воспоставување на директната авиолинија Скопје–Дубаи. Исто така, во можното отворање резидентна амбасада на ОАЕ во Скопје гледа институционален чекор што води кон поблиски односи, зголемени бизниси и поблиски граѓани.    

Сиљановска-Давкова ја поздрави и оцени како успешна меѓусебната поддршка во меѓународните организации, во духот на мултилатерализмот. 

Таа го покани претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан да ја посети земјава.