Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, оствари средба со претставници на Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“. На средбата, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, присуствуваа Владо Томески, претседател на Здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, оствари средба со претставници на Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“. На средбата, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, присуствуваа Владо Томески, претседател на Здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски.

Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства од 2002 година селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво.

Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца.

Реклама

Тие ја информираа претседателката дека не се спроведуваат дури ни правосилните судски пресуди донесени во нивна корист.

Претставниците на Здружението на воените ветерани и воените инвалиди „Братство 2001“ укажаа на потребата од измена и дополнувања на законот, за нивните посебни права, за прецизирање на решенијата и унапредување на нивните бенефиции.

Според Сиљановска-Давкова, укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите.

Таа вети дека Кабинетот ќе ги информира надлежните органи за презентираните проблеми укажувајќи на нужноста од почитување и спроведување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и пресудите.

За претседателката, придонесот на бранителите не смее да биде заборавен, ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.