Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение САНО

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, се сретна со претставници на граѓанското здружение САНО, кое ги обединува родителите и децата што го победиле или сè уште се борат со канцерот. На средбата, како што информираа од Кабинетот на претседателката, претставниците на САНО ја информирале за минатата и за тековната работа на здружението, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Народната канцеларија во Скопје, се сретна со претставници на граѓанското здружение САНО, кое ги обединува родителите и децата што го победиле или сè уште се борат со канцерот.

На средбата, како што информираа од Кабинетот на претседателката, претставниците на САНО ја информирале за минатата и за тековната работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочени.

Мајките на излекуваните деца се навратиле на тешко извојуваната победа на болеста, но и на отсуството на поголемо разбирање и поддршка.

Реклама

Според нив, справувањето со тешката болест во голема мера ќе биде полесно доколку постои финансиска поддршка од државата во форма на паричен надомест за време на болничкото лекување, како и во првите пет години по лекувањето поради големиот ризик од враќање на болеста во овој период.

Децата ја запознале претседателката со своите образовни и културни активности, како и со намерите и очекувањата.

– Претседателката изрази восхит за нивната херојска борба и победа над опаката болест, поттик за остварување на младешките соништа и длабоко разбирање за нивните рационални барања. Таа укажа на можноста САНО да го користи просторот на Народната канцеларија за запознавање на јавноста и кревање на свеста за нивните енормни проблеми – се вели во соопштението.