Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Средба на пратеничката Василевска со хрватскиот експерт Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на шеф на Делегацијата на Собранието во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, денеска оствари средба со Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач на Хрватска за пристапните преговори со ЕУ, а во рамки на неговата експертската посета на земјава.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, се дискутираше за процесот на интеграција на државата во ЕУ, моменталните состојби, обврски и предизвици кои стојат пред државата за нејзино идно полноправно членство во ЕУ.

Во пријателска атмосфера двајцата соговорници се осврнаа на повеќе прашања меѓу кои:

Реклама

– Искуството на Република Хрватска во процесот на преговорите за членство во Унијата;

– Oдредените отстапки кои државата морала да ги направи во текот на процесот, но и за придобивките од членството во Унијата, години подоцна.

Пратеничката Василевска се заблагодари за несебичната поддршка во текот на сите овие години која нашата земја ја добива од Хрватска, и за значајните насоки кои хрватските државници ги пренесуваат како свое искуство на добри практитки, а кои се од исклучително значење за подготовките на земјата за претпристапниот процес.

Дробњак и Василевска заеднички се согласија во тоа дека единствениот прогресивен пат за нашата земја, е рамноправно членство во Унијата, и нејзина интеграција во процесите на унапредување и развивање кон европските стандарди, заедно со останатите држави во Регионот.