Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Средба на Николоски со директорот на „Евроконтрол“: Македонија бележи силен развој на авиосообраќајот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со Раул Медина, генералниот директор на „Евроконтрол“, на која било истакнато дека Македонија бележи силен развој во авиосообраќајот и по број на операции и по број на патници, што претставува значаен придонес за подобрување на поврзаноста на земјата, влез на нови авиокомпании и отворање нови можности за граѓаните и економијата.

Како што соопшти МТ, на средбата била разгледана досегашната соработка со „Евроконтрол“ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија. 

Николоски истакнал дека државата во континуитет работи на развој на техничките и оперативните капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на „Македонската навигација“, притоа се работи на план за унапредување и зајакнување на човечките ресурси со цел системот да одговори на зголемените потреби и очекуваниот понатамошен раст на сообраќајот.

Реклама

Министерот посочил дека токму во таа насока политиките и мерките што ги презема Владата се насочени кон унапредување на оперативноста и капацитетите на воздухопловните власти, како и кон создавање услови за понатамошен одржлив развој на цивилниот воздушен сообраќај.

– Вицепремиерот Николоски информира и дека со новиот радарски систем, кој е веќе инсталиран, се очекува дополнително да се зајакнат техничките капацитети за управување со воздушниот сообраќај – се вели во соопштението.

На средбата била потврдена важноста од продолжување на соработката со „Евроконтрол“ насочена кон националните приоритети на државата, која до сега се реализира преку Програмата за поддршка на државите, а во насока на унапредување на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај.

На средбата со Медина присуствувале и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. Посетата на директорот на „Евроконтрол“ во Македонија е дел од состанокот на воздухопловните власти на земјите од регионот во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.