Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Средба на Муртезани со данската амбасадорка Кардел

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со неризедентната амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со неризедентната амбасадорка на Кралството Данска во Република Македонија со седиште во Белград, Пернил Далер Кардел. Акцентот на разговорот беше ставен врз напредокот на Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и на регионалните перспективи за проширување.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Македонија и на регионот. Министерот и Амбасадорката го потенцираа значењето на исполнувањето на Копенхашките критериуми како клучен предуслов за успешна интеграција во Унијата. Соговорниците констатираа дека Копенхашките критериуми, кои опфаќаат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и функционирање на пазарната економија, претставуваат суштинска основа за нашите реформски процеси и напредокот кон полноправното членство во ЕУ.

На средбата беше најавена посетата на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере во април годинава. Министерот Муртезани подвлече дека оваа посета ќе биде значајна за продолжување на дијалогот за нашето европско досие, особено во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, кое од 1 јули годинава Данска го презема од Полска.

Реклама

Соговорниците се осврнаа и на приоритетите на данското претседавање, со посебен акцент на Македонија и регионот, нагласувајќи дека во услови на актуелни геополитички предизвици, заживувањето во пракса на политиката на проширување претставува императив и клучен фактор за стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко.