Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Средба на министерката Јаневска со унгарскиот амбасадор Клеин

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, н.е. Андраш Клеин на која се дискутираше за досегашната образовна соработка помеѓу двете држави и можностите за развивање на нови иницијативи во периодот што следи.

На средбата, Јаневска рече дека за Македонија соработката со земји од Европската Унија е исклучително важна, бидејќи позитивните европски практики се интегрираат во националниот образовен систем и тоа го забрзува напредокот на државата.

Изрази задоволство што унгарската страна преку програмата Стипендиум Хунгарикум подолго време обезбедува финансиска поддршка за стипендирање на македонски студенти запишани на додипломски, магистерски и докторски студии на тамошните државни универзитети.

Реклама

Амбасадорот Клеин информираше подетално за агендата на претстојниот Самит на Земјите од Западен Балкан за култура, образование и иновации, кој на 3 и 4 февруари во Будимпешта го организира унгарското Министерство за култура и иновации, а на кој ќе учествува и министерката Јаневска.