Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска остварила средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска остварила средба со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство Клаудија Плаколм и со раководството на ЕВН Македонија. На средбата присуствувал и австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Фокусот на разговорите, како што соопшти ресорното Министерство, бил насочен кон успешната соработка меѓу Министерството за енергетика и ЕВН Македонија, како пример за одговорно и партнерско делување меѓу државата и енергетскиот сектор.

Министерката Божиновска истакнала дека ЕВН Македонија е значаен партнер во енергетската транзиција на земјата, посочувајќи дека примерот на компанијата покажува како странските инвестиции можат да придонесат кон стабилност, модернизација и дигитализација на енергетскиот систем.

Реклама

– ЕВН Македонија е пример како странски инвеститор може да соработува со државните институции на начин што создава додадена вредност – не само за економијата, туку и за општеството, нагласила министерката Божиновска.

Во рамки на посетата, делегацијата се запознала и со технолошките и организациските достигнувања на компанијата, меѓу кои и современиот диспечерски центар за дигитално управување со дистрибутивната мрежа на национално ниво.

Австриската министерка, како што информира ресорното Министерство, изразила задоволство од постигнатото ниво на енергетска соработка меѓу двете земји и од синергијата меѓу јавниот и приватниот сектор во Северна Македонија, истакнувајќи дека таа соработка е позитивен пример за поширокиот регион.

Двете министерки потврдиле дека постои заеднички интерес за продолжување на размената на искуства и добри практики, со фокус на одржливиот енергетски развој и зелена транзиција, стои во соопштението.