Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Македонија

Средба на Исени со бугарскиот амбасадор Радуков: Потврдена силна билатерална соработка во безбедносниот сектор

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, оствари работна средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Жељаско Радуков, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

На средбата биле потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, при што била нагласена и одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи. Како што било заеднички констатирано, во нив работат врвни професионалци кои ја олеснуваат и зајакнуваат меѓусебната комуникација и партнерство.

„Особен акцент беше ставен на можностите за дополнително унапредување на веќе воспоставената плодна соработка, како во рамките на билатералните договори, така и во оперативниот сегмент на делувањето на министерствата. И заменик-министерот Исени и амбасадорот Радуков изразија целосна подготвеност и отвореност за натамошно продлабочување на оваа соработка“, се наведува во соопштението од МВР.

Реклама

Дополнително, на состанокот се разговарало и за заедничката соработка во рамки на меѓународни организации и регионални иницијативи од заеднички интерес, кои придонесуваат за одржување и јакнење на регионалната безбедност, стабилност и просперитет.