Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Како што информираат од Народна банка, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја.

Како што информираат од Народна банка, во текот на разговорите била истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на одржливиот економски развој на земјата, при што посебно внимание им било посветено на активностите насочени кон унапредување на финансиската вклученост и подобрување на пристапот до финансии за различни категории корисници, вклучително и жените претприемачи.

-Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи. Во наредниот период, активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата и подобрување на податоците – истакна Славески.

Реклама

На средбата, како што се наведува во соопштението, било разговарано и за подготвителните активности на Народната банка за ефикасно спроведување на Законот за решавање банки, којшто ќе почне да се применува во втората половина од оваа година. Во таа смисла, била истакната подготвеноста на ЕБОР за обезбедување поддршка за Народната банка и за банкарскиот систем за ефикасна операционализација на овој закон, особено во однос на новите барања на банките за исполнување на т.н. минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски.

Гувернерот Славески ја истакнал и поддршката што ЕБОР ја обезбедува за финансирањето обновливи извори на енергија во земјава, како придонес за јакнењето на енергетската сигурност во земјава.

На средбата била потврдена заедничката подготвеност за понатамошно продлабочување на институционалната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР, особено во областите на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, одржливото финансирање и зајакнувањето на отпорноста и стабилноста на финансискиот систем.