Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Средба Муртезани – Доти: Реафирмирана посветеноста на Обединетото Кралство на стабилноста, развојот и европската перспектива на Македонија и поширокиот регион

Билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, како и најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка за зајакнување на регионалната соработка, биле во фокусот на билатералната средба на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Лондон со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти, на маргините на Конференцијата на високо ниво за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Посебен акцент на разговорот, како што информираат од МЕП, бил ставен на билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Доти ја реафирмирал посветеноста на Обединетото Кралство на стабилноста, развојот и европската перспектива на Македонија и поширокиот регион, истакнувајќи дека и по напуштањето на Унијата, Обединетото Кралство останува силен поддржувач на европската интеграција на Западен Балкан. Во тој контекст, тој ја поздравил динамиката на реформските процеси во земјата и ја потврдил подготвеноста за натамошно проширување на партнерството, особено во областа на инфраструктурата, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Реклама

Муртезани и Доти констатирале дека воспоставеното стратешко партнерство претставува ново поглавје во билатералните односи, кое ќе овозможи понатамошно продлабочување на политичкиот дијалог, заедничките проекти и координираните активности во рамките на НАТО, Берлинскиот процес и европските интегративни иницијативи.

Средбата, како што информираат од МЕП, претставувала можност за потврдување на континуираната поддршка што Обединетото Кралство ѝ ја пружа на Македонија во процесот на европската интеграција, како и за продлабочување на соработката во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Муртезани и Доти размениле мислења за најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и за значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка која повеќе од една деценија придонесува за зајакнување на регионалната соработка, економската поврзаност и усогласувањето со европските стандарди. Министерот Муртезани ја потенцираше важноста на оваа иницијатива како механизам кој овозможува конкретни проекти во областа на инфраструктурата, енергетската транзиција, зелената агенда, дигиталната поврзаност и социјалната кохезија, нагласувајќи дека Македонија останува цврсто посветена на целите на Берлинскиот процес и на европската иднина на целиот регион.

На средбата, Муртезани се заблагодарил и за континуираната британска поддршка, која во изминатата деценија резултираше со спроведување на над 160 проекти финансирани од британскиот буџет во различни области: од добро владеење, јавна администрација, и владеење на правото, до промоција на мултикултурализмот и инклузијата. Истовремено беше истакната и успешната соработка во рамките на TWINNING проектите со британски партнери во областа на полициските реформи, контролата на државната помош и зајакнувањето на институционалните капацитети за еднаквост и правична застапеност. Министерот посочи дека британската поддршка во кризни периоди, како за време на мигрантската криза и пандемијата со COVID-19, е доказ за трајното пријателство и партнерство меѓу двете земји.