Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба меѓу директорот на ЦУК Мухамед Али и заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани

Во Министерството за одбрана денеска била остварена средба меѓу заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани и  директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. -Министерството за одбрана претставува значаен партнер на Центарот за управување со кризи во реализацијата на заедничките активности насочени кон унапредување на системот за управување со кризи, како и кон зајакнување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за одбрана денеска била остварена средба меѓу заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани и  директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

-Министерството за одбрана претставува значаен партнер на Центарот за управување со кризи во реализацијата на заедничките активности насочени кон унапредување на системот за управување со кризи, како и кон зајакнување на заштитата и безбедноста на граѓаните, наведе ЦУК во соопштение.

На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката и координацијата меѓу двете институции, особено во делот на превенцијата, подготвеноста и справувањето со ризици, кризни состојби и природни непогоди.