Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Србија се закани дека херметички ќе ја затвори границата со Македонија за мигранти

Тензично на грчко-турската граница – со солзавец и водени топови грчките сили…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тензично на грчко-турската граница – со солзавец и водени топови грчките сили во обид да спречат влез на мигранти на грчко тло. Само ве регионот на Еврос за 24 часа биле спречени речиси 7000 обиди за нелегален влез. Уапсени биле дваесетина лица, најголем дел од Авганистан и Пакистан.

Во Македонија за сега нема поголемо раздвижување на мигранти, но опасноста е голема, вели заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

„Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно“, рече Петровска.

Реклама

Паника за нов наплив на мигранти во земјава предизвика објава во австрискиот весник „Остерајх“ во која се вели дека во Македонија веќе влегле 1000 мигранти, а веста ја темелат на фотографија од градски плоштад за кој не е наведена точната локација. Информацијата ја демантираше МВР посочувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Стравот од нова бегалска криза го мобилизира регионот – српската премиерка Ана Брнабиќ свика вонреден состанок со безбедносниот врв, на кој било заклучено дека ќе има нулта-толеранција за нелегалните преминувања. И претседателот Александар Вучиќ, потврди оти дал наредба херметички да се затворат границите во случај на нов мигрантски бран.

„Ќе ја затвориме границата во рок од 12 часа ако е потребно. Веќе почнавме да работиме на некои работи, но се надевам дека тоа нема да се случи“, вели Вучиќ.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи осамна видео снимка објавена од страна на грчката крајбрежна стража – неофицијално станувало збор за турски воени сили кои намерно ги туркале чамците полни со мигрантите кон грчките води.

Вонреден состанок одржаа и министрите за надворешни работи на ЕУ. „Унијата останува решена ефикасно да ги штити надворешните граници, а незаконските премини нема да бидат толерирани“, соопштија од Советот на Европа. Ги повикаа турските власти да не ги користат мигрантите во политички цели.

Биљана Божиновска