Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Србија на нозе, потера по педофил кој киднапира 12 годишно девојче

Неколку стотици српски полицајци и специјалци со кучиња трагачи се во потрага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку стотици српски полицајци и специјалци со кучиња трагачи се во потрага по 12-годишната Моника Каримановиќ, која најверојатно е грабната од страна на Нинослав Јовановиќ , познат како Малчанскиот бербер.

Девојчето исчезнало во петокот на 20 декември, а последен пат било видено во утринските часови кога тргнало во училиште. Српските медиуми пренесуваат дека Јовановиќ прекарот го добил поради неговиот морничав фетиш да ги потстрижува своите жртви пред да ги силува, за што и тој самиот пред суд изјавил дека го возбудува.

Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал девојче од 12 години. Повторно завршил во затвор, од каде излегол минатата година. По излегувањето почнал на социјалните мрежи да прогонува жени.

Реклама

Од друга страна извори блиски до полицијата информираат дека девојчето е живо и дека Јовановиќ ја носи со себе низ шумски предели кои одлично ги познава.

„Од петокот кога мајката го пријави нејзиното исчезнување ова е исклучителен приоритет и ангажиравме 300 полицајци, хеликоптерски единици, кучиња трагачи, ги користиме сите мерки за пронаоѓање на малата моника изјави, шефот на полицијата Владимир Рбич.

Се огласи мајката на Моника, која со солзи преку медиумите, се обрати до грабнувачот молејќи го да ја врати Моника
„Ако тој човек има душа, нека си рече во себе многу го измачував детето, многу го малтретирав … Сакам тој да разбере дека детето е немоќно, нека трча. нека го направи она што сака само неа нека ја остави..

По целоноќната потрага по девојчето од Ниш и грабнувачот од околината на Књажевац, потрагата е проширена и на околните села, каде полицијата и полициските кучиња детално ја пребаруваат секоја куќа.

Досега се најдени нејзиниот училиштен ранец и јакна која му припаѓа на Јовановиќ. А во една од претресените куќи најдена е коса за која полицијата верува дека е на Моника.

Симона Србиноска