Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Спротивставени ставови на првиот ден од дебатата за Законот за јавно обвинителство

Многу спорни прашања останаа отворени и по првиот ден од дебатата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу спорни прашања останаа отворени и по првиот ден од дебатата во парламентот. Според министерката Дескоска постојат различни мислења за улогата на политичките партии во изборот на обвинителите за организиран криминал и корупција, роковите за затворање на одредени постапки и за важење на доказите што произлегуваат од прислушуваните разговори, критериумите за разрешување на обвинителите. Нивната лична и материјална одговорност и евентуални финансиски гаранции.И во последниот предлог е предвидено инкорпорирање на СЈО во обвинителството за организиран криминал и корупција.

“Ако сега се анализира законскиот текст клучните измени кои се однесувата на системот на јавното обвинителство измена на основите за избор на јавни обвинители, се покачуваат критериумите, се воведува јасна дисциплинска постапка за одговорност на јавните обвинители, постапка за оценување на јавните обвинители како и гаранции за финансирање на јавното обвините и јасни основи за одговорност на јавните обвинител”, рече Тренеска-Дескоска.

Обвинителот Јовески само што започна да ги образложува ставовите мораше да го прекине обраќањето пред присутните. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му поставија прашање испишано на транспарент кој го поставија во галеријата на салата каде обично седат новинарите. До кога мисли да го крие писмото со кое Катица Јанева му дала незаконска наредба.

Реклама

Според Јовески треба да има независно обвинителство кое нема да задоволува пооитички потреби.

“Според мене, добро е што во законските решенија изграден е став  по предметите од организиран криминал и корупција да постапува ОЈО  за гонење на организиран  криминал и корупција наместо како што имаше идеи за формирање на две обвинителства, вели тој, додавајќи дека така нема да има прекплопување на надлежностите”, рече Јовевски.

И професорот Калајџиев побара писмото од Јанева до Јовески да биде дтавено на увид на јавноста. За него е нејасно што значи одредбата за преоѓање на предметите од поранешното СЈО во репупбличкото обвиниителство.

Според професорката Гордана Силјановска за овој закон мислење треба да се побара од Внецијанската Комисија. Побара новото обвинителство да направи деполитизација и потсети на лошите искуства со СЈО.

“Ваков вокабулар се користеше и кога во специјална процедура беше избрано специјалнот јавно обвинителство па стигнавме до реекет. Слушам дека се состануваат работни групи на партиите, овде пратениците треба да се изборат за тоа навистина да бидат пратениците. Се што е неформално, неинституционално и го нема во Деловникот, не води кон демократија туку напротив кон еден друг систем. Крајно време е да престанеме со овој начин на решавање на прашањата. Пратениците треба да гласаат по сопствено убедување и да ги претставуваат граѓаните” рече Силјановска.

И Силјановска и претседатеот на Советот на обвинители Колевски побараа советот да има исклучива надлежност за изборот на нови обвинители.

Градимир Марковски