Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Спречено ширење на пожар во НП Маврово на планината Бистра

– Со брза интервенција на вработените во националниот парк Маврово изгаснат е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Со брза интервенција на вработените во националниот парк Маврово изгаснат е шумски пожар и спречено неговото ширење на планината Бистра.

Од ЈУНП „Маврово“ информираат дека утрово, службата за заштита на природата на паркот во текот на утринските часови, успешно го локализираа и навремено го изгасија пожарот на планината Бистра, на локалитетот Јадово.

– Оваа акција уште еднаш го потврдува огромното значење на Секторот за заштита на природата, како и професионалноста, посветеноста и подготвеноста на вработените кои секојдневно се грижат за безбедноста и зачувувањето на природното богатство на НП Маврово, наведуваат од управата на НП Маврово и посочуваат дека во акцијата, припадниците на службата за заштита покажале навремена, одговорна и професионална реакција.