Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Според Прилепското обвинителство, несреќен случај е падот на ученикот, се чека извештај од полицијата

Прилепското Основно јавно обвинителство во текот на денешниот ден треба да добие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепското Основно јавно обвинителство во текот на денешниот ден треба да добие известување од полицијата за случајот со повреденото 11-годишно дете кое падна од највискиот, трети кат, од зградата на основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп и се здоби со тешки повреди. Обвинителството претходно ѝ дало насоки на полицијата како да постапи и да ги извести.

„Од досегашните сознанија сметаме дека станува збор за несреќен случај, но на полицијата ѝ дадовме насоки да изврши разговори со медицинските лица кои интервенирале во случајот, со вработените од училиштето и со други лица. Во текот на денешниот ден ќе добиеме извештај од полицијата за да се знае како понатаму да се постапи“, вели обвинителката Лидија Салатоска Илиоска.

Немилиот настан се случил во понеделникот на големиот одмор во попладневната смена. Ученикот се лекува на Детска хирургија во Скопје. Од училиштето известија дека станува збор за примерен, дружелюбив и одличен ученик.