Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Спомен домот во Разловци повторно оживува – завршува ревитализацијата на објектот

По години распаѓање и влага, оставен на забот на времето, спомен домот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години распаѓање и влага, оставен на забот на времето, спомен домот во Разловци, повторно оживува. Ревитализацијата на еден од најзначајните симболи на македонската историја, е при самиот крај. Објектот кој со децении сведочи за Разловечкото востание, во вторник на одбележувањето на 150 години од востанието , повторно ќе ги отвори вратите за посетитетлите.. Неговата архитектура носи силна симболика за македонската борба за слобода

Овде имаме архитектонска симболика на тој живот кој никогаш не бил лесен. Почнувајќи од огништетот, тоа е камин кој функционира од внатрешна и надворешна страна. Понатаму скалишниот простор кој е тесен додека се дојде до големиот простор. Тоа преставува борбата на македонскиот народ за слобода. Затоа е тесен скалишниот простор и на крај имаме симболика касететен таван со сино-бела боја, што ја симболизир слободата на Македонија и ако ги видите овие прозорски платна кои гледаат директно кон планината, го симболизира слободниот начин на живот„ изјави Александар Јорданоски, директор на Националниот конзерваторски центар.

Објектот е пуштен во употреба во 1981 од страна на генерал Михајло Апостолски. Ова е негова прва ревитализација, освен помалите зафати на кровот во 2015. Со години спомен домот бил запоставен,  поради влагата, зграда пропаѓала, а голем дел од изложенените експонати исчезнале. За повторно да се долови духот на Разловечкото востание, од Музејот на Македонија, привремено ќе бидат позајмени ками, оружје и знамето на востанието.

Реклама

 „Сега ова што го правиме е со сосема нови изложбени паноа на кои ќе биде раскажана приказната за Разловечкото востание, за учесниците, но ќе бидат потавени и предмети кои привремено ќе бидат позајмени од Музеј на Македонија„ изјави Златко Начовски, директор на НУЦК„Никола Јонков Вапцаров„ во Делчево.

Од запуштен објект, спомен домот во Разловци, треба да прерасне во нова едукативна и туристичка дестинација. Локалните власти најавуваат организирани посети за ученици од целата држава.

„Ние како локална самоуправа имаме зацртано како задача е да понудиме екскурзии за сите основни и средни училишта во државата коишто ќе може да дојдат овде, да го видат спомен домот, сите експонати и слики кои ќе бидат изложени во спомен домот…тоа што радува е дека нема повеќе да биде депонија, туку ќе биде вистински објект каде секој ќе може да дојде и да ужива во магијата за Разловци„ изјави Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево.

Ревитализацијата на спомен домот чини околу 21милион денари и е еден од капиталните проекти финансирани преку годишната програма  на Министерството за култура.По години распаѓање и влага, оставен на забот на времето, спомен домот во Разловци, повторно оживува. Ревитализацијата на еден од најзначајните симболи на македонската историја, е при самиот крај. Објектот кој со децении сведочи за Разловечкото востание, во вторник на одбележувањето на 150 години од востанието , повторно ќе ги отвори вратите за посетитетлите.. Неговата архитектура носи силна симболика за македонската борба за слобода

Овде имаме архитектонска симболика на тој живот кој никогаш не бил лесен. Почнувајќи од огништетот, тоа е камин кој функционира од внатрешна и надворешна страна. Понатаму скалишниот простор кој е тесен додека се дојде до големиот простор. Тоа преставува борбата на македонскиот народ за слобода. Затоа е тесен скалишниот простор и на крај имаме симболика касететен таван со сино-бела боја, што ја симболизир слободата на Македонија и ако ги видите овие прозорски платна кои гледаат директно кон планината, го симболизира слободниот начин на живот„ изјави Александар Јорданоски, директор на Националниот конзерваторски центар.

Објектот е пуштен во употреба во 1981 од страна на генерал Михајло Апостолски. Ова е негова прва ревитализација, освен помалите зафати на кровот во 2015. Со години спомен домот бил запоставен,  поради влагата, зграда пропаѓала, а голем дел од изложенените експонати исчезнале. За повторно да се долови духот на Разловечкото востание, од Музејот на Македонија, привремено ќе бидат позајмени ками, оружје и знамето на востанието.

Сега ова што го правиме е со сосема нови изложбени паноа на кои ќе биде раскажана приказната за Разловечкото востание, за учесниците, но ќе бидат потавени и предмети кои привремено ќе бидат позајмени од Музеј на Македонија„ изјави Златко Начовски, директор на НУЦК„Никола Јонков Вапцаров„ во Делчево.

Од запуштен објект, спомен домот во Разловци, треба да прерасне во нова едукативна и туристичка дестинација. Локалните власти најавуваат организирани посети за ученици од целата држава.

 „Ние како локална самоуправа имаме зацртано како задача е да понудиме екскурзии за сите основни и средни училишта во државата коишто ќе може да дојдат овде, да го видат спомен домот, сите експонати и слики кои ќе бидат изложени во спомен домот…тоа што радува е дека нема повеќе да биде депонија, туку ќе биде вистински објект каде секој ќе може да дојде и да ужива во магијата за Разловци„ изјави Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево.

Ревитализацијата на спомен домот чини околу 21милион денари и е еден од капиталните проекти финансирани преку годишната програма  на Министерството за култура.