Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

СПМ: Министерството за земјоделство свесно ги труе корисниците на тутун

Свесно и со знаење на Министреството за земјоделство, се трујат корисниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свесно и со знаење на Министреството за земјоделство, се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена органицација во која и нашата држава е член од 2006 година, реагираат од Социјалистичката партија на Македонија.

Од таму објаснуваат дека претходно објавиле дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обранотениот тутун и производите од тутун, е ставен вон сила уште од 14 фебруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и Директорот на Државниот Инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.

-Отворено прашуваме, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции? Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу. Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има, велат од СПМ.